Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци

Bez autora
Apr 02 2012

Проектот на Владата на Република Македонија за поставување интернет-киосци во руралните средини ќе биде дел од глобалната агенда на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет, како позитивен пример за активности во насока на развој на информатичкото општество. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во обраќањето пред учесниците на Состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што се одржува во Охрид, ги презентираше проектите кои ги спроведува Владата на Република Македонија од областа на информатичко општество, акцентирајќи го оној за поставување интернет-киосци во руралните средини. Токму оваа Комисија прави заложби и поставува цели за развој на широкопојасните мрежи во целиот свет, особено во неразвиените земји, за да им се овозможи на сите граѓани поеднакво да можат да ги користат услугите што ги нуди брзиот интернет. Меѓународната телекомуникациска заедница ќе ја следи реализацијата на тој проект, како глобален пример на активност насочена кон развојот на тој аспект од информатичкото општество.

Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосциПроектот на Владата на Република Македонија за поставување интернет-киосци во руралните средини ќе биде дел од глобалната агенда на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет, како позитивен пример за активности во насока на развој на информатичкото општество.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во обраќањето пред учесниците на Состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што се одржува во Охрид, ги презентираше проектите кои ги спроведува Владата на Република Македонија од областа на информатичко општество, акцентирајќи го оној за поставување интернет-киосци во руралните средини.

- Токму оваа Комисија прави заложби и поставува цели за развој на широкопојасните мрежи во целиот свет, особено во неразвиените земји, за да им се овозможи на сите граѓани поеднакво да можат да ги користат услугите што ги нуди брзиот интернет, рече Ивановски.

Нагласи дека меѓународната телекомуникациска заедница ќе ја следи реализацијата на тој проект, како глобален пример на активност насочена кон развојот на тој аспект од информатичкото општество.

- Со овој проект на 680 локации се опфатени 32 илјади граѓани, со брзина на интернетот до еден мегабит во секунда, што е многу повеќе од она што го бара Комисијата за развој на широкопојасен интернет, рече Ивановски.

Резултатите од спроведувањето на проектот за интернет-киосци во Македонија ќе бидат објавени во посебен извештај на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој.

Статистичките податоци покажуваат дека месечно на одредени локации во Македонија се поврзуваат до сто корисници, што е мошне позитивен ефект, уште повеќе што веќе е познато дека поврзаноста кон интернетот е одличен предуслов за раст на бруто домашниот производ.

На работниот состанок на Комисијата денеска беше претставен и извештајот што го изготви „Ериксон“ за поврзаноста на информатичките и комуникациските технологии со климатските промени. Извршниот директор на „Ериксон“, Ханс Вестберг, со директен видео-линк го презентираше извештајот, притоа нагласувајќи ги насоките каде широкопојасниот интернет може да се користи во насока на надминување на негативните апсекти на климатските промени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik